Фондацијата “Ице Бегов” донираше Сензорна соба за потребите на Дневниот центар во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 15. Декември 2022 година – Фондацијата “Ице Бегов” со донирањето на Сензорна соба за лицата со посебни потреби во Дневниот центар во Македонска Каменица, вчера го заврши проектот што го  започнаа на 28 јули оваа година. Станува збор за хуманитарниот концерт “Небо Сино” одржан во Домот на култура преку соработка со КИЦ “Романса” – Македонска Каменица. Концертот беше колаж од музчки точки и перформаси од лицата со посебни потреби и повеќе изведувачи кои земаа учество на настанот.

– Собраните средства ги искористивме за уредување и опремување на Сензорна соба. Станува збор за недирективна терапија која делува на основните сетила за вид, слух, допир и мирис. Преку хармонично и контролирано изложување користи светлосни ефекти, бои, звуци, музика и мириси, – истакнуваат од Фондацијата Ице Бегов.

Сензорната соба е соба која е специјално опремена и каде природата, интензитетот и количината на стимулусот е контролирана. Се користи како педагошка и терапевтска мерка.

Се надеваме дека оваа соба ќе биде од голема корист на децата од дневниот центар и ќе им помогне во нивното учење раст и развој. Денес при посетата на дневниот центар во пресрет на новогодишните празнци на лицата од дневниот центар им беа доделени новогодишни пакетчиња проследени со многу насмевки и забава, – истакнаа од Фондацијата Ице Бегов, од каде изразија надеж дека, “датумот 28.07 ќе прерасне во еден голем хуманитарен настан кој ќе се оддржува во Македонска Каменица каде што ќе се забавуваме и ќе можеме со нашата хуманост да ја разбудиме и поттикнеме хуманоста и кај другите луѓе бидејки нашата мисија е “МИСИЈА НА ХУМАНОСТ ВЕДАР ДУХ И ДОБРИНА”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *