Утре ЖФК Каменица САСА ќе одигра пријателски натпревар со шампионот на Косово

ЖФК Каменица САСА, утре со почеток од 18:00 часот, на градскиот стадион во Македонска Каменица, ќе одигра Маѓународен пријателски натпревар против шампионот на Косово, екипата на ЖФК Хајвалиа.

Утрешниот натпревар е прв пријателски натпревар кој ЖФК Каменица САСА ќе го одигра пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Љубителите на фудбалот од Македонска Каменица и регионот имаат можност да проследат убав фудбалски натпревар на каменичките девојки против екипата на ЖФК Хајвалиа, претставник на Косово во Лига на шампиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *