Тешка кражба во Кочани: Украдени 12 000 евра од куќа во центарот на градот

27.02.2018

Тешка кражба се случила во понеделникот попладне во Кочани. Од куќа во централното градско подрачке украдени се девизи и денари во вкупна вредност од 730 илјади денари.

Никој од соседите или домашните не забележале кога крадецот упрднал во објектот, а подоцна кражбата ја констатирал сопственикот кој случајот го пријавил во полиција.

Според официјалното известување од СВР, 59-годишниот Б.С од Кочани пријавил дека на 26 февруари во временскиот период од 18 – 18,45 часот во неговата семјена куќа лоцирана на ул. „Страшо Ербапче“ била извршена тешка кражба од непознат сторител.

Крадецот со употреба на соодветен алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на спратот и ги пребарал сите простории. Притоа нашол повеќе паричници, од кои ја одзел наведената сума, при што дел од парите биле во денари, а достанатите 8.500 евра биле во различни апоени

Од полицијата не соопштуваат други детали во врска со кражбата, вообичаено потврдувајќи дека работат на расчистување на случајот и на откривање на можниот сторител.

Ова е една од поголемите кражби во последните шест месеци на територијата на Општина Кочани. Минатото лето за слична вредност беше оштетено КЈП “Водовод“, кога две лица украдоа специјален електричен кабел за пумпи за топла вода од РЕ “Геотерма“. Тогаш сторителите беа откриени и заработија кривични пријави.

Т. Ајтовски Канал8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *