Драма во Штип: Маж се соблекувал пред малолетнички

 

На 26.02.2018 година околу 14.15 часот, додека четири малолетнички биле во дворот на средното општинско училиште во Штип, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него.

По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле И.А.(36) од Штип. Тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање.

Прочитајте повеќе: Мотел „Мерак“ – ваш домаќин на најлудите забави по повод 8-ми Март

По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, казниво по член 190 од К.З на РМ.

Извор: А1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *