Ставен под контрола пожарот на градската депонија во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 23.02.2022 година –  Градската депонија во Македонска Каменица беше зафатена од пожар, кој според последните информации добиени од ЈП Камена Река и ТППЕ во Македонска Каменица е ставен под контрола.

И овој пат брзата интервенција на Територијалната против пожарна единица спречи ширење на огнот, кој според одговорните е предизвикан со намера.
„Во гаснењето на пожарот, покрај пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица, со крупна механизација е вклучена и екипа од Јавното претпријатие „Камена Река“. Екипите на ТППЕ и ЈП „Камена Река“ остануваат на терен се до целосно гасење на пожарот. Со навремена заедничка акција на Јавното претпријатие и единицата од ТППЕ успеавме за кратко време , пожарот да биде ставен под контрола.“ – информираат од ЈП Камена Река и ТППЕ од Македонска Каменица

ЈП Камена Река пред неполн месец воведе построга контрола околу пристапот и дејствата на градската депонија. Строго е забранет е ненајавен пристап на депонијата. Потребата на граѓаните за депонирање на градежен шут и останат габаритен отпад го вршат преку претходна најава кај овластено лице во Јавното претпријатие.

Сепак, ова е честа појава на градската депонија во Македонска Каменица. Најчеста причина за настанување на опожарувањето на депонијата е човечки фактор, односно намерно предизвикани дејства кои нанесуваат огромни штети по екологијата, животната средина, како и здравјето и безбедноста на населението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *