„Во потрага по загадувачите на Брегалница“ во организација на Медиа Плус Штип

Здружението на граѓани Медиа Плус Штип организира јавната дискусија насловена „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница”, во рамките на проектот „Утопија? Бистри води, зелен Исток”, кој се спроведува во периодот од мај 2021 до февруари 2022.

Настанот ќе се одржи во четврток, 24 февруари 2022 година, во 11:00 часот, во Мултимедијален центар Канал 77, и онлајн преку платформата Zoom. Настанот ги вклучува најзасегнатите релевантни институции поврзани со состојбата на реката Брегалница, при што ќе биде презентиран Извештај од анализа на води и речни седименти од река Брегалница.

Целта на оваа дискусија е поттикнување на соработка на овие надлежни институции со граѓанското општество во интерес на намалувањето на загадувањето и детектирање на причинителите.
Ве покануваме да учествувате во овој настан и да дадете придонес во нашата кауза за чиста и здрава животна средина.
Сите објавени материјали можете да ги погледнете на интернет страната на Медиа плус. или доколку кликнете ОВДЕ.

Поради ограничениот број на места во салата и Ковид протоколите, Ве молиме учеството да го потврдите на електронската пошта: info@mediaplus.org.mk .
За учество преку Zoom платформата, придружете ни се на линкот:
Join Zoom Meeting https://us02web.zoom.us/j/84695488238

Meeting ID: 846 9548 8238

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *