Сообраќајна несреќа на две патнички возила на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево

На 01.10.2022 во 11:10 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 Делчево-Македонска Каменица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(68) од с.Турија, делчевско, и патничко моторно возило “голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од В.Р.(56) од с.Тодоровци, Македонска Каменица. По несреќата, сопатникот во патничкото моторно возило „опел корса“ Б.Н.(68) од с.Турија бил пренесен во Клиничка болница- Штип каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *