Сончево и топло со температури и до 30 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Руен 2252, Осоговски планини
Фото: Сибел Јакуповиќ

 

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер и дневна температура од 27 Целзиусови степени. Маврово 21, Охрид 24, Битола 24, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневните температури ќе се движат од 19 до 27 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *