ЖКК Баскет Кам го освои трофејот во Суперкупот на Македонија

Кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица ја освои титулата во Суперкупот на Македонија, победувајќи го ривалот Бадел 1862 со 61-69. Во тесен натпревар, со повеќе пресврти и падови во играта на двете екипи, гостинската екипа во главниот град во СРЦ „Кале“ дојде до победата и трофејот.

Комплетниот натпревар меѓу Бадел 1862 и Баскет Кам:

Подобар старт на натпреварот имаа девојките на Баскет Кам, бидејќи со 2-8 и 4-10 покажаа контрола. Сепак, кошаркарките на Бадел 1862 веднаш се вратија во игра, со серија од 7-0. Се играше тесен меч, а првиот период им припадна на гостинките во Скопје. Баскет Кам продолжи во добро темпо и до полувремето, го надополни водството и првпат дојде на двоцифрена позитива. Највисоката предност во првиот дел беше +17, а на одмор се зазмина со 31-45.

„Баделки“ одлично го започнаа второто полувреме, направија серија од 16-0 и ја презедоа предноста на дуелот, додека ривалките во десет минути неверојатно дадоа само еден поен. Баскет Кам успеа да се консолидира по катастрофалниот трет период, па пак се вратија во водство.

Во завршницата Бадел 1862 беше близу, еден посед ги делеше двете екипи, ама скопјанки имаат за што да жалат бидејќи промашија неколку чисти шутеви за егал. Тоа го казни Баскет Кам и дојде до победата на овој дуел. Иако Бадел ја имаше најдобрата кошаркарка Кејтлин Метју со 25 поени, Сања Адамовска со 21 и Цветанка Димова со 20 поени го водеа тимот на Кам до победата.

Фотогалерија од натпреварот:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02qGqmfzWvr3rPeyN3jiaCiTmCWcy4toVdRP4GroAHoX4N4Gx4yPQ4ZNKFpTvpxZWUl&id=142860539562144

Извор: Gol.Mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *