Разиграните Тодоровски и Гоцевски му донесоа нова победа на КК Баскет Кам

Кошаркарите на КК Баскет Кам стигнаа до две рутнски победи во натпреварите од Втората кошаркарска лига на Македонија.

Сениорската екипа предводена од разиграните Александар Тодоровски и Стефан Гоцевски славеше против КК Црн Дрим од Струга со 86:74. Со висок процент на реализација во Тодоровски запиша 32 поени, а Стефан Гоцевски задоволи со 29 поени. Целиот тим одигра солиден натпревар, сите играчи беа на висина на задачата, како во нападот така и во одбраната.

Со оваа победа КК Баскет Кам на стартот од новата сезона има “две од две”, што е значаен успех за подмладениот состав на каменичани.

Денеска, во Спортската сала во Македонска Каменица во категорија (М18) КК Баскет Кам славеше со високи 87:27, декласирајќи го КК Кожуф од Гевгелија. Во оваа висока победа младинците на КК Баскет Кам беа предводени од Матеј Митревски, кој вчера настапи и за сениорскиот тим.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *