Преглед на IX коло: Победа на Саса за бегство од дното на табелата

Вчера, екипата на ФК Каменица Саса со голот на Стојче Стојов во 50 минута од натпреварот од IX Коло на Втората македонска фудбалска лига успеа да го отвори резултатот против ФК Арсими.
Конечни 1:0 и победа на Саса за радост за многубројната каменичка публика присутна на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Со оваа победа Саса успева да избега од дното на табелата. Со 8 бодови се наоѓа на 12 позиција од табелата.
Минатото 8. Коло екипата на ФК Каменица Саса го заврши со пораз од 3:2 на гостувањето со ФК Кожуф.

Во рамките од IX коло во Втората македонска фудбалска лига екипата на Гостивар триумфираше со 1:0 над Вардар. Тоа е првиот пораз за скопските „црвено-црни“ оваа сезона, а победата за Гостивар ја донесе Каланоски во 16 минута од средбата.

Пелистер убедливо славеше на гостувањето кај Борец 1919 со конечен резултат 0:4. За битолскиот клуб по еден погодок запишаа Маневски (11`), Мустафов (47`), Дуков (56`) и Здравевски (90+1`).

Фудбалерите на Охрид беа подобри против Пехчево со 0:1, а за освојување на трите бода стрелаше Костовски.

Воска Спорт убедливо го надигра Тетекс со 4:0, хет-трик запиша Мурати, додека еден гол беше дело на Беќири.

2МФЛ, деветто коло

Недела, резултати –

Беса 1976 – Кожуф 3:0
Борец – Пелистер 0:4
Караорман – Детонит 1:1
Гостивар – Вардар 1:0
Лок. Скопје – Охрид 0:1
Саса – Арсими 1:0
Слога Виница – Беласица 1:2
Воска Спорт – Тетекс 4:0

Табела:

1. Воска Спорт 23 бодови
2. Вардар 22
3. Гостивар 21
4. Пелистер 17
5. Детонит 17
6. Охрид 16
7. Беса 1976 14
8. Беласица 12
9. Караорман 11
10.Арсими 10
11.Кожуф 10
12.Саса 8
13.Лок. Скопје 7
14.Тетекс 7
15.Слога Виница 6
16.Борец 0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *