ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО БУГАРИЈА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ИЗНЕСУВА 530 ЕВРА

13.XI.2017 (kamenica.mk)

Просечната плата во соседна Бугарија продолжува да расте. Во септември просечната бруто месечна плата изнесувала 1064 лева, што претставува зголемување од 11,5% во однос на истиот период од минатата година.  Факторите за растот на платите се неколку. Од една страна, конкуренцијата на пазарот на трудот ги стимулира компаниите да се натпреваруваат за вработените нудејќи повисоки плати. Од друга страна, годишното зголемување на минималната плата за 9-10% и придонесите за социјално осигурување за 1 процентен поен ги зголемува платите во секторите со ниски трошоци за работна сила.
Највисока е просечната плата во Софија – 1427 (715 евра) лева во септември, што е за 11,4% повеќе од минатата година. На второ место – 1052 лева (500 евра) просечна плата се наоѓа Стара Загора, а најниска е просечната плата во Видин 675 лева (речиси 350 евра).


Паралелно со податоците за просечната плата, Националниот Статистички Институт (НСИ), исто така, објави податоци и за бројот на вработените во земјата. Според анкетираните претпријатија, вкупниот број на вработени во Бугарија во пракса останал непроменет во споредба со минатата година – 2,3 милиони. Ова е релативно подобрување во споредба со вториот квартал од 2017 година, кога податоците покажаа намалување во споредба со 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.