Продолжува уредувањето на Градскиот стадион во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26.05.2022 година – Општина Македонска Каменица, од официјалниот налог на градоначалникот Димчо Атанасовски, објави дека по завршувањето на натпреварувечките сезони, продолжуваат градежните активности за уредување на Градскиот стадион. Станува збор за изградба на пешачка патека кон трибинскиот дел и пристапна патека до Градскиот стадион.

„По завршувањето на фудбалската сезона започнавме со уредување на пристапна патека на трибинскиот дел на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Оваа патека ќе биде поврзана и со патеката што води до стадионот. Просторот ќе биде и соодветно хортикултурно уреден“, – стои во изјавата на градоналачникот Атанасовски

Овие градежни активности се одвиваат како дел од Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни простори кој општина Македонска Каменица го има склучено со избран најповолен економски оператор со спроведена постапка за Јавна набавка за услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *