СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организира Отворен ден на училиштето

Утре, со почеток од 11 часот, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организира Отворен ден за идни ученици. На настанот ќе бидат презентирани образовни профили на кои деветоодделенците од Македонска Каменица и регионот ќе можат да го продолжат своето образование.
„Идни средношколци и почитувани родители, со гордост Ве покануваме на Отворен ден на нашето училиште, на 27 мај 2022 година (петок) со почеток од 11:00 часот“, стои во поканата објавена на социјалните мрежи на официјалниот налог на училиштето, каде додаваат дека „Настанот ќе биде од информативна природа со цел на запознавање со струките и профилите кои се изучуваат во училиштето, како и со условите во кои се одвива наставата“.
Средното општинско училиште во Македонска Каменица во соработка со Рудник САСА, веќе трета година, успешно спроведува дуално образование по машинска струка, за која интерес пројавуваат и деветоодделениците од соседните градови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *