Приведен Референт за сеча од Берово поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување

Приведен беровец поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување

На 15.06.2022 во 09.45 часот на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, полициски службеници од СВР Штип – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово, вработен како како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик односно поради незаконско издавање на испратници за превоз на дрва. По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“ со беровски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари, повеќе кочани со испратници издадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бланко испратници, чекан за жигосување на дрвна маса и мобилни телефони. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *