Иван Варадиновски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса

Иван Варадиновски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса

Македонска Каменица, 16. Јуни 2022 година – Нов шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса е Иван Варадиновски. Фудбалско име со кое ФК Каменица САСА најавува почеток на многу новитети во зелено-црниот тим.

Иван Варадиновски е поранешен прв човек на клупата на ФК Пехчево, каде две години беше асистент на шефот на стручниот штаб. Поранешен тренер на најмладите категории на Штипска Брегалница, од каде продолжува како тренер во пионерско-младинската школа во матичниот клуб. Како фудбалер своите први чекори ги прави во Брегалница Штип кадешто за првпат настапува и во сениорски тим. Бележи настапи и за Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа.

Иван Варадиновски во кратката изјава во рамки на неговата промоција како шеф на стручниот штаб на ФК Каменица САСА, изјави “Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Каменица Саса за укажаната доверба и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана!”

Досегашен тренер на ФК Каменица САСА беше Крсте Крстев од Кочани, кој го во пролетниот дел го пополни местото на каменичанецот Горан Гоцевски. Есенскиот дел на првенството од Втората фудбалска лига, ФК Каменица САСА го помина под диригентската палка на Горан Здравков од Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *