ПРЕСТАНИ ДА СЕ КОЦКАШ, ЖИВЕЈ НОРМАЛНО!

Како да препознаете дали си имате работа со патолошки коцкар од кој треба да бегате што подалеку?

казино

Зависноста од коцкање, позната и како патолошко коцкање, може да биде еден вид пореметување на контролата врз импулсите. Патолошките коцкари се коцкаат без оглед на тоа дали се среќни или депресивни, губат или добиваат. Дури и кога знаат дека немаат шанси да добијат, дури и кога не смеат да си дозволат да загубат (на пр. ставиле недвижност под хипотека) , едноставно не можат да му одолеат на ризикот. Според некои проценки, од 2 до 4% од светската популација се патолошки коцкари.

Доколку некој поседува пет или повеќе од долунаведениве карактеристики, тогаш дефинитивно се работи за патолошки коцкар:

девојка со карти

Опседнатост: Личноста е преокупирана со коцкање, често помислува на коцкарските искуства, зафатена е со планирање на следниот “потфат” или размислува од каде да набави пари за коцкање итн.

Толерантност: Слично со толеранцијата на дрога кај наркоманите (најпрвин земаат мали, а потоа се поголеми дози од дрогата за да ја достигнат првобитната нирвана), опсесивните коцкари имаат потреба да се коцкаат со се поголеми и поголеми суми пари. Колку е поголем влогот, толку е поголема радоста од добивката.

Изгубена контрола: Личноста има превземено серија неуспешни обиди да се контролира, да престане или да го намали коцкањето.

опседнатост со коцкање

Повлекување: Личноста е немирна или раздразлива кога ќе се обиде да запре со коцкањето или да го намали.

Бегство: Личноста се коцка за да избега од проблемите или за да ги намали непријатните чувства (на пример, чувство на беспомошност, вина, анксиозност, депресија).

Повторно враќање: Откако ќе изгуби пари на коцка, личноста често се враќа наредниот ден на истото место сео цел да ги поврати парите.

загуба на коцка

Лажење: Ги лаже сите – членовите на своето семејство, терапеутот и другите со цел да сокрие колку длабоко “заглавил” во коцкањето.

Илегални активности: Личноста има извршено илегални дејствија како фалсификување, измама, грабеж или проневера со цел да го исфинансира своето коцкање.

Ризикувани врски: Личноста ризикува да ги загрози или веќе има изгубено значајните врски и контакти, работното место, или можноста за напредок во кариерата – се поради коцкањето.

Изнудување: Од пријателите и семејството бара пари за да се спаси од тешката финансиска состојба во која западнал токму поради коцкањето.

патолошки коцкар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *