Победа со “петарда” на ЖФК Каменица САСА на гостувањето против ЖФК Скопје

Денеска се одигра 3. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. ЖФК Каменица САСА одигра одличен натпревар во гости против екипата на ЖФК Скопје, каде извојува убедлива победа со “петарда” во голот на домаќините.

Стрелци на головите за каменичката екипа беа Ана Димитровска со 2 гола и Мила Талевска, ПејтонЧик и Анџелика Икеда постигнаа по еден погодок.

Со “Нова победа, нови три бода”, стои во објавата по победата од стручниот штаб на ЖФК Ксменица САСА, каде за натпреварот велат “Одличен натпревар против квалитетната екипа на ЖФК Скопје која покажа дека и оваа сезона ќе биде незгоден противник, сепак нашите фудбалерки покажаа дека знаат и умеат да се снајдат и во вакви ситуации”.

Од ЖФК Каменица САСА до домашната екипа упатуваат благодарност за професионалниот и коректен пречек.

Рудник САСА Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *