Кривична пријава за жител на село Цера за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.С.(66), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.

На 29/30.07.2022, со намера да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во с.Цера, ги пренел во с.Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *