Патниот правец Каменица – Кочани ќе биде пуштен во употреба за неполна седмица

Интензивирана е целосната санација на клизиштето и чистењето на патот Македонска Каменица – Кочани

Според Македонија Пат и ЈП Државни Патишта интензивно се работи на терен. Градежните работи ги изведуваат со максимален интензитет, со темелно и целосно чистење на камените одрони на критичната точка. Патниот правец Каменица – Кочани за неколку денови повторно ќе биде во употреба со целосната потребна безбедност на возачите и патниците

Македонска Каменица, 19. 07 2019 година – Како што беше најавено од Македонија Пат, по завршените анализи и преглед на теренот, спроведена е постапка за избор на фирма- изведувач на градежните активности за санација на критичната точка кај м.в Саваро, во близина на село Истибања.  Веќе неколку денови на теренот се врши минирање и отстранување на материјалот. Како што велат од Македонија Пат , фирмата изведувач има временски рок од само 10 дена за изведба на градежните активности, што кажува дека патниот правец за само неколку денови повторно ќе биде пуштен во употреба – изјавија од Македонија Пат

Од ЈП Државни патишта во врска со овој случај кажаа дека, свлечиштето е сериозен проблем кој ќе биде решен со сериозен пристап и трајна санација на теренот. За разлика од минатите години, кога ваквите проблеми стоеја нерешени по две, три и повеќе години, сега проблемите на терен ги решаваме за неколку денови, по што патниците и возачите кои сообраќаат на овој патен правец повторно ќе патуваат безбедно.

Со ваквиот пристап кон решавање на овој проблем и со трајното решавање на оваа критична точка, која на овој патен правец се случи пред 10-ина дена, надлежните очекуваат овозможување на поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *