Осум лица затруени со храна од сендвичара во Делчево

16.XI.2017 kamenica.mk

Уште во текот на вчерашниот ден, kamenica.mk извести дека 4 деца итно се пренесени на Инфективно во Штип. До денес бројката се искачи на 8 лица. Сите тие вчера се затруле од храна во една позната сендвичарница во Делчево.

Во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Делчево лекарска помош побарале осум лица, кои се пожалиле на повраќање откако конзумирале храна од сендвичарницата.

Како што дознава МИА, осуммината веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип. Тие се хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.

Во угостителскиот објект на увид биле испратени претставници од Епидемиолошката служба – Делчево, Заводот за здравствена заштита – Кочани и Државниот здравствен инспекторат.

Со повеќе информации во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.