Зголемен интерес во Македонска Каменица и Делчево за сезонските вакцини против грип

Голем интерес за вакцините против грип во Делчево и М Каменица. За два дена се потрошија сите планирани 500 вакцини, но останаа уште многу пациенти кои не стигнаа на време да се вакцинираат. Бројот на набавените вакцини против грип соодветствува со интересот з а вакцинирање од претходните години, велат од Службата за епидемиологија во Делчево, но зголемениот интерес  годинава, ќе донесе поголем број вакцини за наредната година.

  • Набавени се вакцини како и секоја година, вообичаен вакцинираме на територијата на Делчево и М. Каменица. Вакцините имаат контраиндикации, односно нив не смеат да ги примат лица кои се алергични, кажа д-р Надица Ефтимовска, спец епидемиолог.

Покрај другите превентивни мерки против грип, вакциниите сепак, ја добиваат најдобрата заштита посебно кај хроничните болни и старите и изнемоштени лица.

  • Фатални последици може да има грипот кај лица кои не се вакцинирани, може да ја влоши клиничката слика кај хронично болните, појасни д-р Ефтимовска.

За два дена само во Делчево се вакцинирани 375 лица.

  • Редовно се вакцинираме, чувствуваме подобрување, не не фаќа толку често грип, рекоа пациенти.

Денеска се вакцинира против грип во М. Каменица, каде се планирани 125 вакцини. Инаку, во Делчево и М Каменица од октомври лани до март оваа година од грип се разболеле 239 лица.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *