ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГИ УКИНУВА ТРОШОЦИТЕ ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ. СРЕДСТВАТА ГИ НАМЕНУВА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГИ УКИНУВА ТРОШОЦИТЕ ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ. СРЕДСТВАТА ГИ НАМЕНУВА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

После вчерашната објава за пренамена на средствата од Договорот за телекомуникациски услуги на општина Македонска Каменица, денеска на иницијатива на градоначалникот Димчо Атанасовски, следува уште една мерка во корист на граѓаните.

“Станува збор за комплетно укинување на трошоците за угостителски услуги на Општината, кои се во вкупен износ од околу 600.000 денари годишно” – се вели во соопштението за јавност објавено денеска на официјалниот профил на градоначалникот на општина Македонска Каменица

Сите овие средства, како што изјавува градоначалникот Атанасовски, ќе бидат искористени за трансфери кон социјално ранлива категорија на граѓани, односно како поддршка за лица со посебни потреби, за што веќе се подготвува нов Правилник.

Од Општината велат декаеќе направените трошоци за 2022 година ќе бидат исплатени, а ваква набавка во буџетот за 2023 година нема да постои.

Понатаму во соопштението за јавност се вели дека во Општината се разгледуваат можностите за кратење на сите непродуктивни трошоци и паралелно зголемување на средствата за социјални трансфери.

Крајна цел, велат од општината, е да се минимизираат социјалните разлики и во континуитет да се зголемува поддршката за сите граѓани-жители на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *