ООУ “Св. Кирил и Методиј” со редица активности го одбележа месецот посветен на лицата со ретки болести

Нашето училиште реализира повеќе активности со кои го одбележа месец февруари – месец посветен на лицата со ретки болести.

На 24 февруари (петок) беше организирана работилница под менторство на наставникот Љупка Ристовски на која учествуваа ученици од 9 одделение: Софија Ситновска, Мелани Ѓорѓиевска, Милена Зафировска, Илина Јаневска од 9а одд., Ивона Илиевска, Амела Зеќировска, Милена Спиридонова, Николија Стаменковска и Михаела Ивановска од 9б одд., како и учениците Мила Михаиловска, Теона Николовска, Ена Спасевска, Михаела Пaвловска и Мартина Мицевска од 9в одделение. Преку изработка на цртежи, хамери и свои лични творби, учениците се потрудија да ја подигнат свеста на луѓето за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат пациентите со ретките болести и нивните семејства.

На ист начин во спроведување на работилницата се вклучија и учениците од 8а одд., со класниот раководител Сталина Наумовска.

Со иста цел учениците Теона Стојчева, Верче Стојковска од 9б одд., и Јана Атанасовска од 9в одд., изработија презентација која денес, 28 февруари, беше презентирана пред учениците од Училишен парламент кои ги запознаа со ретките болести.

За ретките болести кај нас нема доволно информации… Дали има лек, дали и колку се тие воопшто достапни за пациентите, како пациентите ја добиваат дијагнозата… Според неофицијални информации, во нашата земја има околу 2 000 пациенти со ретки болести и приближно 100 различни дијагнози. Затоа сите треба активно да бидеме вклучени во помагањето и поддршката на лицата со ретки болести и нивните семејства. Да бидеме чинители во општеството кое ќе изнајде подобар третман и услови за нивно лекување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *