Институции од Македонска Каменица потпишаа Договор за соработка со “Нула отпад” за постапување со екелтронска и електрична орема

Институции и образовни установи од Македонска Каменица, вчера потпишаа Договор за соработка со ,,Нула отпад’’ ДОО Скопје за постапување со отпадна електрична и електронска опрема како и за начинот на постапување со отпадни батерии и акумулатори.

 

Во текот на наредните денови ќе пристигнат и корпи за селектирање на батерии кои ќе бидат поставени во сите образовни институции и на повеќе фрекфентни локации во Македонска Каменица.

Договор за соработка со “Нула отпад” потпиша и ЈП Камена Река, со кој се предвидува воведување на можност, граѓаните кои што имаат таков вид на отпад, преку оставање на податоци до претпријатието, истиот да биде преземен од нивните домови.

– Воспоставуваме одржлив систем за управување со електронски отпад и отпадни батерии заедно со “Нула отпад”. Систем кој во континуитет ќе се спроведува и ќе допринесе до намалување на ваквиот отпад во Македонска Каменица, – велат од ЈП Камена Река

– Претставници од “Нула отпад” ДОО Скопје, на учениците од III и IV одделение во ООУ “Св. Кирил и Методиј” одржаа презентација за подигнување на јавната свест за правилна селекција на електронскиот отпад. Заедно со задолжениот наставник за оваа училишна активност, Сунчица Горгиевска сроведоа едукација и дискусија за начините со кои може да ја заштити, зачуваме и унапредиме животната средина, – стои во објавата од училиштето

Исто така, за секој ученик е обезбеден мал сад за отпадни батерии, едукативни материјали за начините на складирање на целокупниот отпаден електронски материјал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *