ООУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележува Светскиот ден без автомобили и Европската недела на мобилноста

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица со возење на велосипеди и истакнати транспаренти со пораки до возрасните, се приклучи кон одбележувањето на Меѓународниот ден на мобилноста

 

„Нашето училиште се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили. Со возење на велосипеди на градските улици во централното градско подрачје, учениците од 6 до 9 одделение, под менторство на наставниците Васко Станковски, Драгана Миланова, Љупка Ристовски и Сашо Мицевски, заедно со В. Д Директорот Виктор Георгиевски, го одбележаа Светскиот ден без автомобили“ – истакнуваат од ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Покрај возењето на велосипеди, како што истакнуваат од каменичката деветолетка, беа истакнати и транспаренти со пораки до возрасните за зголемено користење на велосипеди и останати еколошки превозни средства, со што сите заедно ќе дадеме свој придонес во заштитата на животната средина.
За безбедноста на учесниците во настанот беше задолжено Полициското одделение во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *