Орце Симов, претседател на ССК: Да се укине ДДВ-то на опремата за фотоволтаици

Сојузот на стопански комори (ССК) бара укинување на ДДВ-то на опремата за инсталација на фотоволтаични системи. Тоа, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат го соопшти потпретседателот на ССК, Орце Симов. Како што додаде тој, едно од барањата е упатено и до Регулаторната комисија за енергетика, а се однесува на поедноставување на процедурите во смисла на намалување на потребната документација.

„Да се поедностават процедурите за фотоволтаици и кај домаќинствата и кај компаниите. Да се скратат непотребните документи и постапки, за да може брзо да се спроведе. Бараме и да се укине ДДВ-то на потребната опрема за фотоволтаични системи“, рече Симов.

Извор: alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *