Објавени снимки од влегувањето на руски тенкови и воени возила во Украина (ВИДЕО)

Украинската гранична стража објави видео на кое се гледа како руски тенкови и други воени возила влегуваат во Украина преку Крим.

– Нападот се случи од моментално окупираната територија на Автономната Република Крим. Во моментов се евидентира движењето на воената опрема од полуостровот преку административната граница – наведуваат на својата веб-страница и потсетуваат дека нападите врз граничните единици и патролите се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и мало вооружување.

На видеото не се гледа за кои гранични премини станува збор.

Си-Ен-Ен, пак, наведува дека не се знае од која граница влегле воени возила во Украина – Чонгар од исток или Каланчак од запад.

Руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина во четвртокот наутро и слетаа сили на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми.

Европската унија, САД и многу други земји ја повикаа Русија да ги прекине нападите и да ги повлече своите сили од Украина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *