Нова победа на младинките на ЖФК Каменица САСА на гостувањето во Струга
Гостувањето во Струга младинките на актуелниот шампион на Македонија успеаа да го претворат во победа со убедлива и сигурна игра со конечен резултат, ЖФК Асс Јунајтед 0:2 ЖФК Каменица САСА.
Стрелци на головите беа Јована Петрушевска и Стефи Маринковска која пред само неколку денови потпиша договор за настап и со сениорскиот тим на ЖФК Каменица САСА
Во краткото соопштение од стручниот тим за играта на младинките објавија дека биле “Одлични, борбени и мотивирани во играта и целосно го надиграа домаќинот”
#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај