САСА го победи Осогово. Митар Соколовски играч на натпреварот

Македонска Каменица, 02.04.2022 година – ФК Каменица САСА одигра добар натпревар на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Пред домашната публика успеа да го надигра ФК Осогово со 2:0. Иако головите беа постигнати во последните десетина минути од натпреварот, САСА беше тимот кој ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар.

Според дефанзивната игра, гостите гледаа шанса во нерешен резултат. Нивните планови, во 80′ од натпреварот ги расипа искусниот Митар Соколовски, кој пати вистински проектил од 16 метри. Гостинскиот голман беше немоќен и 7 минути подоцна кога, по една нафрлена топка во казнениот простор, од само неколку метри стрелаше, одличниот на денешниот натпревар, Мисердовски за конечни 2:0.

Можеме да кажеме дека, сосема заслужено, играч на денешниот натпревар е Митар Соколовски. Мораме да напоменеме дека, САСА ја презеде целосната иницијатива и прејде во силен атак кон противничкиот гол, во 75 минута, по влегувањето во игра на Ален Миленковски. Корпулентниот Миленковски, за само неколку минути, успеа да се најде во две изгледни шанси за гол. Во продолжението на натпреварот, тоа го искористија домаќините и преку головите на Соколовски и Мисердовски, Каменица САСА сосема заслужено славеше против Осогово.

Редоследот на врвот од табела останува непроменет, бидејќи сите екипи од горниот дел на табелата успеаа да слават во рамки на денешното коло. Саса е четврто пласирана екипа на тебелата од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *