НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА УРНЕБЕСНАТА КОМЕДИЈА “МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА” ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Не пропуштајте го прикажувањето на филмот “Макс и неговата бесна дружина” во Домот на култура во Македонска Каменица.

Почеток, 17:00 часот. Среда на 25. Јануари 2023 година. Влез 70 денари.

 

Кратка содржина на филмот:

Вашиот нов дом во вистински замок – можете ли да замислиш нешто покул? Деветгодишниот Макс може. Затоа што замокот Геролдсек е дом за стари лица полн со збрчкани баби и дедовци. Но, тој сега живее во замокот за мајка му, која е медицинска сестра и самохран родител, да може да работи ноќни смени. Тој е единствено дете меѓу сите овие стари…
Но, Макс наскоро се спријателува со дел од постарите жители на домот: актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, заедно попознати како Бесната дружина. Макс исто така забележува дека нешто чудно се случува во старите ѕидови на домот. Изгледа дека мистериозен крадец краде скапоцености од собите на жителите среде бел ден. Меѓу осомничените е и мајката на Макс, на која и се заканува отказ. Макс ги здружува силите со Вера, Хорст и Килијан за да го изведе вистинскиот крадец пред лицето на правдата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *