НВО Валхала Фин повикува на работен состанок за спречување на еколошката катастрофа на Калиманско Езеро

Македонска Каменица, 09.01.2021 година – Поради настанатата еколошка катастрофа во водите на Калиманско Езеро предизвикана од огромни количини на отпад и шут, НВО Валхала Фин од Македонска Каменица организира работна средба на која писмено ќе бидат поканети сите, според нив, засегнати институции и огранизации на локално и државно ниво.

Поканата од Валхала Фин објавена на социјалните мрежи, Ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани,
Деновиве сме сведоци на голема еколошката катастрофа што се случува на водите и бреговите на езерото Калиманци, предизвикана од надоаѓање на огромни количини на отпад и шут од реките кои се влеваат во езерото. Ова загадување предизвикува голема загриженост кај нас граѓаните на Македонска Каменица, и ние како НВО сектор кој во своите програмски определби и цели на делување го има зачувувањето на животната средина се чувствуваме повикани да делуваме на било кој начин со цел да го спречиме загадувањето на езерото.
Да го заштитиме езерото од сегашното и идното загадување и да го зачуваме за сегашните и идните генерации е обврска на сите нас. За таа цел ние како група НВО-и од Македонска Каменица Ве повикуваме на состанок на кој ќе се расправа за идните чекори на делување (акциски план) кои секој од нас како општествен чинител ќе треба да ги преземе со цел езерото Калиманци достојно и во вистинска смисла на зборот да заживее како рекреативно-спортска и туристичка точка.
Состанокот ,,За спас на Калиманско езеро,, ќе се одржи на ден 18.01.2022 од 17 часот во просториите на КИЦ Романса. Ќе ни биде посебна чест и задоволство доколку и вие со вашето присуство, дискусија и делување земете активно учество на овој состанок.

Уредно и писмено ќе бидат поканети
1. Претставници од рудник САСА за заштита на животна средина и екологија
2. Претставници од општината за екологија, советот и градоначалникот
3. Директор на Ј.П. Камена река
4. М.З.Ш.В – Делчево
5. Министерство за животна средина и просторно планирање
6. Инспектор за животна средина

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *