На 09. Ноември започнува Општинското шаховско првенство во Македонска Каменица

ШК Каменица САСА го најави почетокот на општинското првенство во шах во Македонска Каменица за 2022 година.

Првенството ќе започне на 09. Ноември 2022 година. Пријавувањето трае до 08. Ноември 2022 година. Истото ќе се врши во просториите на ШК Каменица Саса во Куќата на спортот. Просториите на клубот се отворени, секој ден од 17:00 до 21:00 часот.

“Првенството ќе се игра по Бергеров систем. Темпо на игра 30 минути од натпреварувач. Судија на првенството е Лазо Стаменковски” – стои во денес објавеното соопштение од клубот

Во понатамошниот текст се наведени и останатите поважни услови и начини на одвивање на турниот. Ќе се играат по 2 кола во еден ден и право на учество имаат само граѓани на Општина Македонска Каменица” – дополнуваат од ИО на ШК Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *