ЖФК Каменица САСА маестрална против Шкендија. Гостите заминаа дури со 10 голови во мрежата

ЖФК Каменица САСА во рамки на 6. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија се сретна со екипата на ЖФК Шкендија. Успеа да ја совлада со, ни помалку ни повеќе, туку со високи 10:0.
По два пати во листата на стрелци се впишаа Андреевска, Пејтон Чик и Талевска, а Ана Димитровска постигна 4 погодоци.

Зоран Златковски, стратегот на екипата во кратката изјава по завршувањето на натпреварот за новата висока победа, упати честитки за девојките, изразувајќи задоволство и радост за присуството на многубројната публика на трибините на Градскиот стадион, акцентирајќи дека тоа е најдобрата оценка за денешната победа.

ЖФК Каменица САСА во досегашниот дел од фудбалската сезона е во самиот врв на табелата, со освоени максимални 18 бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *