Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски има нов клуб и потпиша договор со бугарскиот клуб Септември Софија.
Стојановски пред неколку дена се раздели со Шкендија каде ги мина изминатите шест месеци и разгледуваше понуди. Ја одбра онаа на бугарскиот клуб, која беше најпримамлива и така 25-годишникот ќе биде втор македонски играч во овој клуб, по Костантин Чешмеџиев.
Напаѓачот претходно играше во Хрватска и Франција каде ги носеше дресовите на Горица, Дугопоље, РНК Сплит, Шабмли и Ним, а на домашната сцена беше дел од Металург и Ренова.