НАЈНОВА ВЕСТ: Влатко Стојановски сепак ја одбра понудата на Септември Софија

Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски има нов клуб и потпиша договор со бугарскиот клуб Септември Софија.

Стојановски пред неколку дена се раздели со Шкендија каде ги мина изминатите шест месеци и разгледуваше понуди. Ја одбра онаа на бугарскиот клуб, која беше најпримамлива и така 25-годишникот ќе биде втор македонски играч во овој клуб, по Костантин Чешмеџиев.

Напаѓачот претходно играше во Хрватска и Франција каде ги носеше дресовите на ГорицаДугопољеРНК Сплит, Шабмли и Ним, а на домашната сцена беше дел од Металург и Ренова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *