Млад пехчевец лажел дека е полицаец во скопски локал, ги легитимирал гостите и вработените

Доцна синоќа полицијата уапсила 27-годишно момче од Пехчево во угостителски објект во центарот на Скопје, поради агресивно однесување кон полицајците, но и кон другите гости и вработените, на кои им барал да се легитимираат, лажно претставувајќи се како полицаец, соопшти МВР.

„На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, a претходно агресивно се однесувал кон присутните во објектот, лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат“, пишува во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, додаваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *