Уапсен делчевец поради физички напад врз мајка си. Жител на село Бели пријавен за закана со пиштол

На 05.04.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.Р.(36) од Делчево затоа што околу 20.40 часот во семејниот дом на неговата сестра физички ја нападнал нивната мајка, која била со нарушена здравствена состојба. По комплетирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Кочани, В.М.(26) од с.Владевци, струмичко, пријавил дека околу 09.45 часот на Градската депонија во Кочани над с.Бели – патот кон ,,Пониква“, едно лице му се заканило со пиштол. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Извор: Билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *