„Меморија сеуште е оган под ѕвездите” / kamenica.mk

19.XI.2017 kamenica.mk

По 25 години од последниот настап, вчеравечер, „Меморија“ го одржа долго најавуваниот концерт во „Метрополис арената“.

Дека сеуште се „оганот под ѕвездите“, потврдија и тие, но и многубројната публика која дојде да се потсети на нивните безвременски песни.

„Меморија“ во оригиналниот состав, Перо Камиказа, Поце Икономов, Валентино Скендеровски, Ицо Јовковски, Бане Поповиќ  и Сашо Ангелов, направија вистинска ноќ за паметење.

Фантастичната атмосфера. Се редеа безвременските  „Македонија“, „Не барајте вино“, „Оган под Ѕвездите“, „Зошто Боже“….хитови во кои публиката уживаше.

На сцената се појави и Ристо Самарџиев, кои рече дека го доживува најтешкиот момент во неговиот живот.

 

„Ова е најтешкиот момент за мене. Не можам да бидам во публиката со вас, а не можам ни цело време на бината, за да пејам со овој бенд“,  рече Самарџиев пред да почне да ја пее „Дирлада“.

 

Гости на концертот беа Перо од „Нокаут“ и  рок групата „Зијан“, кои заедно со „Меморија“ ја изведоа незаборавната „Пушти коси“. Тука беа и Мики Јовановски- Џафер заедно со  Гранит Таки ( „Лева патика“) па ја отпеаа антологиската „Неправда“.

Публиката несакаше да си оди. Постојано бараше „само уште една песна“ , за крај.

По 25 години од последниот настап, убаво беше вчеравечер, да се слуша повторно „Меморија“ во живо.

Љ. Владимиров

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *