Еве кој ќе земе 13-та плата и колку ќе изнесува

Во секоја институција 5% од најдобрите вработени како стимулација за успешност ќе добијат и 13-та плата во висина на износот на последната месечна плата во годината кога е направена еваулацијата.
На крајот од оваа година секој административец ќе биде оценет за квалитетот на своето работење од страна на граѓаните и колегите. Секој ќе биде оценуван од 1 до 5 за разботеното, а од крајната оценка ќе заиси дали вработениот ќе биде награден, унапреден или казнет.
Со 13-та плата ќе бидат наградени само 5 проценти од административците во секоја институција кои ќе добијат највисока оценка.
Во зависност од просекот од сите добиени оценки, годишната оценка на административниот службеник може да биде оценет како:
А, „особено се истакнува”, доколку има вредност од 4.51 до 5.00;
Б, „се истакнува”, доколку има вредност од 3.51 до 4.50;
В „задоволува”, доколку има вредност од 2.51 до 3.50;
Г „делумно задоволува”, доколку има вредност од 1.51 до 2.50; и
Д „не задоволува”, доколку има вредност од 1.00 до 1.50.
Вработениот кои ќе добијат годишна оценка А ќе бидат нагредни со бонус во износ од една плата. На последните 5% административни службеници од ранг листата ќе им престане работниот однос доколу се оценети со Д, ќе им биде намалена платата во износ од 20% во период од шест месеци ако се оценети со Г, ќе им биде намалена платата во износ од 10% во период од шест месеци ако се оценети со В, и ќе им биде намалена платата во износ од 5% во период од шест мсеци ако се оценети со Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *