Изложба на дела од Ликовната колонија „Св. Ѓорѓи 2020“ во Домот на култура во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 01.10.2022 година – Изложба на дела од Ликовната колонија „Св. Ѓорѓи 2020“ во Домот на култура во Македонска Каменица
Вчера, во фоајето на Домот на Култура во Македонска Каменица беше отворена изложба на дела од Ликовната колонија “Св.Ѓорѓи 2020”.
Ликовната колонија е во организација на Домот на Култура “Тошо Арсов” од Виница.
Заедно со учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на отварањето на Ликовната изложба присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Настанот го водеше директорот на КИЦ „Романса“, Гоце Стојановски кој, со кратко обраќање, ги запозна присутните со поединости за Ликовната колонија, како и со значајот и потребата од вакви настани каде токму најмладите ќе можат непосредно да се запознаат со ликовната уметност.
Оваа Ликовна колонија ја твореа 14 автори кои создадоа вкупно 28 ликовни дела. На колонијата учествуваа уметниците Миливој Симеонов, Гордана Вренцоска, Катица Алексова, Дарко Богданов, Дејан Спасов, Благица Стојановска, Весна Ничевска, Виктор Јаневски, Александра Димитрова, Елизабета Зафирова Стојанова, Нада Змбова Донева, Слаџана Гаврилова, и младите гости Нина Савева и Марио Дејанов.
Делата остануваат изложени во Домот на култура во Македонска Каменица и љубителите на ликовната уметност, во наредните работни денови можат ја посетат Ликовната изложба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *