Затворена сендвичарата во Делчево која предизвика труење од храна кај 8 лица

Сендвичарницата која вчера предизвика труење од гиро на шест ученици и двајца возрасни е затворена од санитарниот и здравствениот инспекторат. Како што информира епидемиологот Надица Ефтимовска, првичните индиции за причинител на труењето со храна е стафилококна бактерија.

-Изврешен е епидемиолошки надзор на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево во врска со труење со храна токсоинфекција. Земени се мостри од храна и брисеви од објектот кои се испратeни на микробилогија во Штип, а објектот е привремено затворен. Најверојанто  се работи за стафилококно труење,  рече Евтимова.

Хоспитализираните во Клиничката болница во Штип се во стабилна состојба, а дел од нив веќе денеска ќе бидат пуштени дома.

Труењето со храна на учениците и на двајцата возрасни беше алармирано вчера во попладневните часови по што со тешка клиничка слика беа транспортирани во Клиничката болница во Штип. Според анамнезата, сите лица консумирале гиро од сендвичарницата во близина на училиштето „Ванчо Прке“ во Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *