Започна пријавувањето за чистење на оџаци пред почетокот на грајната сезона во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26.09.2022 година – ЈП “Камена Река” ги известува граѓаните станари во колективните живеалишта во општина Македонска Каменица, дека од денеска, понеделник, 26.09.2020 година, започнува пријавувањето за чистење на оџаците пред почетокот на грејната сезона.

 

Оваа редовна пракса која Јавното претпријатие ја врши секоја година пред почетокот на грајната сезона, ќе се врши исклучиво по претходна пријава за чистење од страна на претседателите на Куќните совети или од група на станари.

 

 

Ова е постапка со која се обезбедува поголема безбедност и елиминирање на можноста од појава на пожари предизвикани од запалување на оџаците во колективните живеалишта во текот на грејната сезона.

Од ЈП Камена Река апелираат до граѓаните за строго придржување кон Куќниот ред за станување во колективни живеалишта, како и навремено пријавување на проблеми со чистотата и исправноста на оџаците, без преземање на било какви чекори без известување до претпеијатието или ТППЕ Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *