ЖФК Каменица САСА со 0:9 ја декласираше екипата на ЖФК Струга во дербито на колото

Дербито на 8. Коло во Првата женска фудбалска лига на Македонија целосно им припадна на девојките од Македонска Каменица. Тие на гостувањето во Струга против ЖФК Ас Унитед успеаа да слават со високи 0:9.

Стрелци на головите за одличниот состав на ЖФК Каменица САСА беа ПејтонЧик (3), Ана Димитровска (2), по еден гол постигнаа Икеда, Андреевска, Панеска и Шемсовиќ.

“Солидно го одигравме дербито на колото, каде нашите фудбалерки, во сите аспекти на фудбалската игра ги декласираа домакините од Струга. Покажавме дека сме подобри, дека играме поквалитетен, подинамичен фудбал, за што говорат резултатот од натпреварот и ефикасноста на теренот” – изјавува Зоран Златковски, тренер и стратег во создавањето и креирањето  на шампионскиот тим од Македонска Каменица, ЖФК Каменица САСА.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *