Три гола во мрежата на Борец за нови три бодови на ФК Каменица Саса

Три гола во мрежата на Борец за нови три бодови на ФК Каменица Саса

Во рамки на 12. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса оствари поволен резултат на гости против екипата на Борец во Велес, победувајќи со високи 0:3.

Фото: ФФМ

Резултатот го откри искусниот Бошко Ступиќ во 40 минута. Со оглед на целосната доминација на теренот, релативно долго се чекаше на првиот погодок за Фк Каменица Саса. Сепак на полувреме каменичани ја имаа резултатската предност од 0:1.

До нова промена на резултатот, дојде со голот на Игор Георгиев – Тоти кој во 57 минута од натпреварот, го зголеми водството на 0:2 против ФК Борец во Велес.

Круна на резултатот стави Тони Мичковски, со голот во 80 минута од натпреварот, кога Фк Каменица Саса го зголеми водството на конечни 0:3.

Фото: ФФМ

Саса освои три значајни бодови во борбата за приклучок кон средниот дел од табелата од Втората фудбалска лига на Македонија. Се надеваме на успех и во наредното коло на каменичката гордост, која јпротив екипата на Караорман

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *