ЖФК Каменица САСА немилосрдна против ЖФК Шкендија на гостувањето во Тетово

Нова висока победа на ЖФК Каменица САСА од 6:0 против екипата на ЖФК Шкендија.

И овој пат, гстинскиот терен не беше никаква пречка за убедлива победа на каменичките девојки. Одлично го одиграа натпреварот од 20. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија и остануваат во игра за трета последователна шампионска титула.

Кон противничката голманска мрежа немилосрдни беа Мила Талевска (1), Ана Димитровска (3), Ангелика Икеда (1) и ПејтонЧик (1).

Денеска, имаме нова убедлива победа и нови три бода за нашата екипа. Прикажавме одлична и борбена игра во одбрана и ефективна реализација на напаѓачите против цврстата и борбена екипа на Шкендија. Браво Девојки, – стои во изјавата на Зоран Златковски, стратег и тренер на ЖФК Каменица САСА

ЖФК Каменица САСА славеше во големото финале во Купот на Македонија против екипата на Ас Јунајтед со високи 4:0.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *