Кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица ја освои титулата во Суперкупот на Македонија, победувајќи го ривалот Бадел 1862 со 61-69. Во тесен натпревар, со повеќе пресврти и падови во играта на двете екипи, гостинската екипа во главниот град во СРЦ „Кале“ дојде до победата и трофејот.
Комплетниот натпревар меѓу Бадел 1862 и Баскет Кам:
Подобар старт на натпреварот имаа девојките на Баскет Кам, бидејќи со 2-8 и 4-10 покажаа контрола. Сепак, кошаркарките на Бадел 1862 веднаш се вратија во игра, со серија од 7-0. Се играше тесен меч, а првиот период им припадна на гостинките во Скопје. Баскет Кам продолжи во добро темпо и до полувремето, го надополни водството и првпат дојде на двоцифрена позитива. Највисоката предност во првиот дел беше +17, а на одмор се зазмина со 31-45.
![](https://www.gol.mk/static/kosarka-zeni-superkup-badel-basket-kam-28-09-2022-2.jpg)
„Баделки“ одлично го започнаа второто полувреме, направија серија од 16-0 и ја презедоа предноста на дуелот, додека ривалките во десет минути неверојатно дадоа само еден поен. Баскет Кам успеа да се консолидира по катастрофалниот трет период, па пак се вратија во водство.
![](https://www.gol.mk/static/kosarka-zeni-superkup-badel-basket-kam-28-09-2022-1.jpg)
Во завршницата Бадел 1862 беше близу, еден посед ги делеше двете екипи, ама скопјанки имаат за што да жалат бидејќи промашија неколку чисти шутеви за егал. Тоа го казни Баскет Кам и дојде до победата на овој дуел. Иако Бадел ја имаше најдобрата кошаркарка Кејтлин Метју со 25 поени, Сања Адамовска со 21 и Цветанка Димова со 20 поени го водеа тимот на Кам до победата.
Фотогалерија од натпреварот:
Извор: Gol.Mk