Екс градоначалникот на Кочани заработи кривична пријава

Кривична за поранешниот градоначалник на Кочани, поднесе денес Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кочани. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за склучен штетен договор за субвенционирање на градски превоз.

Според пријавата, поранешниот кочански градоначалник од декември 2013 до април 2014  година,  без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани,. Според договорот за секој продаден билет на превозникот,  општината субвенционира половина од износот. На овој начин, тој му овозможил на  превозникот да се стекне со  противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за  близу 49.000 евра.

Токму начинот на кој возел јавниот градски превоз, беше тема и на последната седница на Советот на Кочани, на која советниците обвинија дека се возело по желба, а не по одлука:

  • Имам неколку информации, а тоа се дека во претходниот период е извршувано превоз по некоја линија која не била усвоена со одлука на Совет, Венко Крстевски, член на Советот на Општна Кочани.

Јавниот градски превоз во Кочани е воведен пред четири години. Цената е утврдена на 20 денари, од кои 10  денари плаќаат граѓаните, а останатите 10 денари ги субвнеционира општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *