Кривична за сопственикот на сендвичарата “Кинг” која што затру 8 лица во Делчево

Сопственикот на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево  од чии сендвичи се затруа шест лица, ќе одговара кривично. Полицијата го товари дека произвел и пуштил во промет штетни прехранбени продукти.

Кривичната се темели на извештајот од санитарниот инспекциски надзор, кој во храната констатираше  присуство на фекални бактерии:

Испитаната мостра на храна и брисевите од сендвичарницата „Кинг“, неодговараа на микробиолошката исправност на храната поради происуство на енетропатогени бактерии од родот на естафилококи кои лачат стафилококни токсини и бактерии фекално потекло, д-р Магдалена Манасиева, директор на ЦЈЗ Кочани.

Присуството на овие бактерии беше објаснето со несоодветната хигиена во објектот и несоодветниот начин на чување на храната.

  • Храната се чува во несоодветни услови, нестерилнен инвентар, загадени раце, појасни д-р Манасиева.

Во труењето предизвикано од сендвичите во сендвичарницата, беа хоспитализирани шест лица – четворица ученици и двајца возрасни. Тие јаделе гиро купено од сендвичарницата по што со тешки симптоми на труење, беа веднаш префрлени во Клиничката болница во Штип.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *