Денешното невреме предизвика оштетувања врз имотите на граѓаните и инфраструктурата во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 25.06.2022 година – Невремето кое денеска го зафати крајниот исток од државата, предизвика бројни штети по имотите на граѓаните од Македонска Каменица, Делчево, Виница и делови од руралните средини во овие општини. Иако најголеми штети се настаниати во соседно Делчево, граѓани пријавуваат штети врз имотите или оштетувања на инфраструктурата и во Македонска Каменица.

Како што објави градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски „Веднаш по невремето кое ја зафати Македонска Каменица, екипи на ЈП Камена Река излегоа на терен и ги расчистуваат настанатите штети. Повторно се проодни двете коловозни ленти кон Рудник Саса, а во најголем дел се санирани штетите и во централното градско подрачје“. Атанасовски најавува дека во текот на утрешниот ден ќе продолжат активностите за расчистување на патиштата во руралните средини.
За техничка интервенција во село Косевица, извести и командирот наТППЕ во Македонска Каменица, каде поради паднато дрво се причинети штети врз паркиран автомобил.
Во градската средина видливи оштетувања можеа да се забележат на кровните конструкции на мал беој трговски објекти и неколку искршени гранки долж градскиот кеј на Каменичка Река. Атмосферските наноси, камените одрони и паднатите дрвја на регионалниот пат Македонска Каменица – Саса се отстранети и делницата е проодна за сообраќај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *